🌸 Spring Reset предизвик - почнува на 20ти Април! Ресетирај го телото. Задржи ја навиката.
ден
час
мин
сек

🌸 Успешно се пријавивте!

Ќе добиете известување пред да започнеме.

Важни информации за предизвикот

Ресетирај го телото. Задржи ја навиката.

8 недели · Почнува на 20ти Април


Првото фитнес студио го отворив пред 9 години со идеја што и денес ме води.

Да се движиме, да се грижиме за телото и да градиме навики што траат. Во тоа длабоко верувам и со тоа живеам.

Моето мото е и секогаш ќе биде: Stay fit for life.

Но знам дека понекогаш не ни фали желба, туку момент. Нешто што ќе нè помести од место. Датум, група, јасен почеток.

Spring Reset е токму тоа.

Момент во кој конечно влегуваш во свој ритам. И токму од таму доаѓаат промените, не само во изгледот, туку и во начинот на кој се чувствуваш и функционираш.

Целта не е само резултат во овие недели. Целта е навика што ќе остане со тебе и после тоа.
Затоа што твоето здравје и благосостојба се темел на сè друго.
И за тебе, и за тие што ги сакаш.

- Драгана

Опис на предизвикот

Програмата се состои од две нивоа: за жени кои се враќаат на движењето и за оние кои веќе вежбаат и сакаат да одат чекор понатаму.

За жени кои сакаат повторно да воспостават ритам, да се вратат на движењето и да изградат навика што ќе можат да ја одржат. Тренинзите се адаптирани за почетно ниво и внимателно го комбинираат пилатесот, силата, кардиото и мобилноста, за телото постепено да стане поактивно, постабилно и посилно. Во програмата се вклучени и мени, шопинг листа и habit tracker, за процесот да биде поорганизиран, полесен и поодржлив.

прва недела

Активирање

Без притисок, без форсирање, постепено будење на телото за да влезеш во ритам.

втора недела

Ритам

Телото ја чувствува промената, почнуваш да градиш конзистентност и енергија.

трета недела

Стабилност

Повеќе контрола и доверба во себе; навиката се зацврстува.

четврта недела

Континуитет

Ако пропуштиш тренинг, не се откажувај, продолжи таму каде што си застанала.

петта недела

Напредок

Повеќе енергија, леснотија во движењето; промената станува поочигледна.

шеста недела

Зацврстување

Силата и рутината се поизразени; движењето станува дел од твојот живот.

седма недела

Доследност

Не се потпираш само на мотивација; се потпираш на ритамот што го изгради.

осма недела

Нов почеток

Не крај на нешто привремено, туку почеток на поцврста рутина која продолжува.

Исхрана

Исхрана и мени што го поддржуваат твоето тело

Во рамки на Spring Reset ќе добиеш внимателно креирани пролетни менија, направени да ти го олеснат секојдневието, не да ти го искомплицираат.

Ќе добиеш две 7-дневни менија кои се ротираат во текот на програмата, со оброци што се едноставни за подготовка, со достапни и сезонски намирници. Идејата е да можеш реално да ги вклопиш во твојот ден.

Пролетта е идеален период за ваква промена. Имаме изобилство од свежо овошје и зеленчук, оброците се полесни, а тоа природно те води да направиш подобар избор и полесно да останеш во ритам.

Менито е направено така што може да го следи целото семејство. Не готвиш посебно за себе, туку сите јадете исто, вкусно и балансирано.

Посебен акцент ставив на доволен внес на протеини, за да се поддржи процесот на слабеење кај оние што имате таква цел, или за подобрување на телесната композиција и дефиниција кај оние што веќе вежбаат.

Вашата животна трансформација,
започнува овде.

Добредојдовте во Fitlife Online Center каде ќе пронајдете сѐ што ви е потребно за ваша комплетна и одржлива животна трансформација, поддржанo од наука и реално искуство.

400+ тренинзи, поделени во специјализирани програми и многу различни колекции.

Наменети за секој чекор од вашето фитнес патување.

treninzi
Card image
Хељда палачинки
  • calories 30 к.
  • protein 1g п.
  • carbs 3.8g ј.
  • fat 1.1g м.
Card image
Наут коцки
  • calories 113 к.
  • protein 3g п.
  • carbs 14g ј.
  • fat 6g м.
Card image
Пита од тиквички со фил...
  • calories 596 к.
  • protein 25g п.
  • carbs 25g ј.
  • fat 42g м.
Card image
Мексиканска салата
  • calories 555 к.
  • protein 28g п.
  • carbs 35g ј.
  • fat 32g м.

Здрави рецепти за секој дел од денот, во кои ќе ужива целото семејство.

Поделени по категории со напредни филтри и опции за полесно пребарување.

Разгледај рецепти

Менија за слабеење и одржување кои ќе ви дадат енергија преку целиот ден.

Креирани со оброци за целото семејство, користејќи локални, достапни и економични намирници.

Разгледај менија
edukacii

Едукации на најразлични теми

Кои ќе ве научат повеќе за исхраната, метаболизмот, слабеењето, здравјето, но и поврзани со специфични состојби и проблеми.

Разгледај едукации

Искуства од задоволни клиенти

ffl-testimonial1 ffl-testimonial2 ffl-testimonial3 ffl-testimonial4 ffl-testimonial5 ffl-testimonial6 ffl-testimonial7 ffl-testimonial8 ffl-testimonial9 ffl-testimonial10 ffl-testimonial12 ffl-testimonial13 ffl-testimonial14 ffl-testimonial15 ffl-testimonial16 ffl-testimonial17 ffl-testimonial18 ffl-testimonial19 ffl-testimonial20 ffl-testimonial21 ffl-testimonial22 ffl-testimonial23 ffl-testimonial24 ffl-testimonial25 ffl-testimonial26 ffl-testimonial27 ffl-testimonial28 ffl-testimonial29 ffl-testimonial30 ffl-testimonial31

Регуларни програми

Комплетна програма Fit for Life
Сѐ што ви е потребно за комплетна промена на вашиот животен стил.

1299 ден.

/ месец

Едукации, рецепти и менија

999 ден.

/ месец

Искуства од специјализираните програми

pp-t-1 pp-t-2 trudnici-t-1 pp-t-3 trudnici-t-6 trudnici-t-7 trudnici-t-9 trudnici-t-2 trudnici-t-3 trudnici-t-4 trudnici-t-5 trudnici-t-8 pp-t-4 pp-t-5 pp-t-6 pp-t-7 pp-t-8 pp-t-9 trudnici-t-10 trudnici-t-11 trudnici-t-13 trudnici-t-14 trudnici-t-15 pp-t-10 pp-t-11 pp-t-12 pp-t-13 pp-t-14 pp-t-15 pp-t-16 pp-t-17

Специјализирани програми

Постпартум програма
Комплетен водич како да се вратите во најдобра форма после породувањето.
(До програмата имате пристап 60 дена)
Пилатес за Трудници
Комплетен водич за здрава бременост кој вклучува пилатес тренинзи, едукација за исхрана, менија и рецепти.
Јога за Трудници
Комплетен водич за здрава бременост кој вклучува јога тренинзи, едукација за исхрана, менија и рецепти.
Пилатес и Јога за Трудници
Комплетен водич за здрава бременост кој вклучува јога и пилатес тренинзи, едукација за исхрана, менија и рецепти.

Програми за специфични здравствени состојби

Едукација и насоки за исхрана кај тироидни нарушувања
Целта на оваа едукација е да ви помогне да го разберете подлабоко влијанието на тироидната жлезда врз метаболизмот, важноста на одредени суплементи и улогата на храната кај тироидните нарушувања со посебен осврт на Хашимотовиот тироидитис.
Едукација и насоки за исхрана за подобрување на хормонскиот баланс
Целта на едукацијата е разбирање на влијанието на репродуктивните хормони врз целокупното функционирање на телото и лоцирање на неправилните навики во исхраната кои доведуваат до инсулинска резистенција и хормонски дисбаланси.
Оставете го вашиот емаил за да дознаете први за новите програми и понуди.