м-р по фармација, диететика и диетотерапија | сертифициран Balanced Body® Pilates инструктор
Започнува со разбирање на тоа што навистина се случува со твоето тело после породувањето.
Токму затоа ова не е само програма со тренинзи.
Во неа ќе добиеш јасен план што чекор по чекор ќе те води кон посилно, постабилно и пофункционално тело.
Како магистер по фармација, диететика и диетотерапија, но и сертифициран Balanced Body® Pilates инструктор, создадов програма која се темели на знаење, искуство и правилен пристап.
Оваа програма е за тебе ако:
8 едукативни видеа што ќе ти помогнат да разбереш што се случува со телото после породувањето, што е дијастазата, како функционираат јадрото, карличното дно и дијафрагмата и зошто правилното дишење е темел на закрепнувањето.
3 видеа со вежби за дишење и активација на јадрото, кои можеш да ги започнеш уште во првите недели по породувањето и кои претставуваат основа за сите тренинзи.
32 прогресивни тренинзи, распоредени во 8 недели, со по 4 тренинзи неделно од 20–30 минути, внимателно структурирани за безбедно враќање на силата и стабилноста.
Во програмата добиваш 4 детално изработени менија (2 за доилки и 2 за мајки кои не дојат), едукации за исхрана и практични рецепти за овој период заедно со листи за пазарење за полесна и попрактична организација.
12 недели пристап до целата програма. Активирај ја кога ќе добиеш дозвола за вежбање и следи ја прогресијата со свое темпо.
Секој чекор е внимателно структуриран врз основа на академско образование, долгогодишно искуство и современи научни сознанија.
Посвети се на едукативните видеа и вежбите за дишење. Најпрвин изгледај ги едукациите во делот „Едукации за вас“, за да разбереш што се случува со твоето тело по породувањето и зошто токму од правилното дишење започнува целиот процес на враќање во форма.
Кога ќе добиеш дозвола за вежбање од твојот лекар активирај ја програмата и започни со 8-неделната прогресија.
Најчесто тоа е 4-6 недели по природно породување, односно 6-8 недели по царски рез, но закрепнувањето е индивидуално.
Ќе добиеш 32 тренинзи, распоредени во 8 недели, со 4 тренинзи неделно од 20–30 минути. Секој тренинг е внимателно структуриран за постепено враќање на силата, стабилноста и самодовербата во движењето.
Во едукативните видеа ќе најдеш насоки за исхрана во постпартум периодот, препораки за безбедно слабеење и одговори на најчестите прашања. Вклучени се и 4 детално изработени менија, две за мајки кои дојат и две за мајки кои не дојат. За секое мени добиваш рецепти, листа за пазарење и практични совети што ќе ти го олеснат секојдневното планирање на оброците. Тоа не се рестриктивни диети, туку структуриран водич за балансирана исхрана во овој период. Избери го менито што одговара за тебе и активирај го, за да ти биде секогаш лесно достапно на почетната страна.
Комплетен систем за постпартум закрепнување, внимателно структуриран да те води од првите денови после породувањето до безбедно враќање на силата и стабилноста.
Со правилен пристап и континуитет, целта на програмата е постепено да ти помогне:
Ти благодарам што ми ја довери оваа важна фаза од твојот живот. За мене ова никогаш не била само програма со тренинзи. Ова е знаење, искуство и многу вложена љубов, создадени со желба да им помогнам на што повеќе мајки да го поминат постпартум периодот со повеќе сигурност и помалку страв.
Се надевам дека ќе ти биде поддршка во секој чекор од закрепнувањето.
Во изминатите години, повеќе од 1500 мајки ја поминаа првата верзија на програмата. Нивните искуства, прашања и повратни информации беа најголемата инспирација за да ја создадам оваа, целосно надградена верзија.
Ова се дел од нивните искуства. 🤍
Здраво Драгана, Ја завршив постпартум програмата, сега продолжувам да си ги правам вежбите од последните 2 недели со тегови до крај 🙂 Мал збор е да кажам дека програмата е идеална бидејќи кај новопечените мајки не се само килограмите проблем. Иако не се здебелив многу во текот на бременоста, самото тоа што бев ограничена со движење 9 месеци ме доведе да не можам да се подигнам без да се потпирам на нешто, а камо ли со бебе во раце. Згора на тоа сите тие бабини совети за доење и млеко ме доведоа да јадам само тесто и јајца, што дополнително ја влоши состојбата. Така се одлучив и да ја земам програмата и можам да кажам дека е и најдобрата инвестиција што сум ја направила. Енергијата ми се врати, сега со 5.5 кг бебе правам squats или вежби за раце, а и јас повторно си го засакав своето тело 😁 Менито е одлично и ме натера да го купам и прирачникот што ми стигна денес 🙂 Сопругот ги обожава тестенините со зеленчук и сирење и секоја недела ни се на мени :) Благодарам уште еднаш и ти посакувам уште многу успешни програми. Имај убав ден 🙂
Јас морам да те пофалам за вежбите за дијастаз. Вежбам 4-5 пати неделно од тие вежби и после неколку недели веќе имам ефект, односно дел од стомакот се собра. Имам уште работа, но го фатив патот. Јас лутав буквално со месеци на таа тема, платив програми, но многу аматерски направени. Со оглед дека ми беше втора бременост, многу поразлична од првата во големина и ширење на стомак, воопшто не бев подготвена. И навистина се едуцирам многу на темава, со постојани борби за изгледот со стомак кој никогаш не сум го имала. Но, продолжувам додека не се вратам како претходно. Затоа имам и само пофални зборови, бидејќи навистина и треба поддршка на жената во таква состојба. Барем да биде сигурна дека другиот кој дава инструкции знае што збори и дека мора да биде константна и упорна за да има ефект. И дека е нешто што може да се реши, а не дека едноделни купачи и покриен стомак е решение. Поздрав
Здраво Драгана, јас со feedback од постпартум прогарамата бидејќи денес го завршив последниот тренинг 😁не очекував во рок да ги направам сите тренинзи, со оглед на тоа дека месецов пројдовме и стомачен вирус и јас и децата ама дефинитивно најголемата мотивицација ми беа твоите говори низ видеата. Програмата почнува од едно толку прелесно ниво до доста интензивни тренинзи во последнат недела. И навистина со секој тренинг се стекнува толку многу сила што уште не ми се верува дека после само еден месец успевам да го изведам цел тренинг со еден куп скокања. Се чувствувам доста посилно, поенергично и многу ми е мило што ја уплатив програмата. Во наредните месец дена додека имам пристап ќе се потрудам да ги вежбам тренинзите од 3-та и 4-та недела бидејќи 1-ва и 2-ра ми се многу лесни сега 😆 Ти благодарам Драгана за прекрасната програма, се надевам дека и понатаму ќе се дружиме во некоја онлајн пилатес група ♥️
Здраво Драгана...ти пишувам за да ти кажам едно големо Браво и Благодарам за постпартум програмата. Се породив природно пред 3 месеци, второ дете, и веќе сум на 3-тата недела од вториот месец со вежбите. Вежбите се навистина прекрасни за постепено враќање во нормала и закрепнување до степен да се чувствуваш спремен за вежбање како пред бременост (барем jac така се чувствувам). Плус вториов месец ги вежбам само вежбите од 4-тата недела, другите ми се лесни 😀- мои фаворити се пирамида и кардио тренинзите. Покрај физичките, огромна вредност ми има и психичкото, менталното подобрување на расположение и елан да се справиш со се што ти носи денот (а со 2 мали деца доста НОСИ). Така да, фала ти од срце за вежбите, советите за исхрана и мотивацијата низ тренинзите ♥️
Драгана Драгана 🤗 Завршив со постпартум програмата и сакам да ти се заблагодарам од срце што после ужасно тежок пораѓај кога мислев дека нема да можам да се свртам без помош, а камоли пак да вежбам, ми ја врати силата, а и самодовербата како и желбата да вежбам уште повеќе од порано. На видеата зрачиш со таква енергија што ако човек не извежба повторно има чувство дека те разочарал па си вика “ајде уште овој тренинг и готово” и така до крај. Фала ти ♥️
Јас ја вежбам Постпартум програмата веќе втора седмица и резултатите се веќе видливи. Многу ми се допаѓа што тренинзите се разновидни и целно прилагодени. Јас доста имам вежбано и имам и други постпартум програми следено по првата бременост, но оваа твоја програма е дефинитивно на друго ниво и одвај чекам по завршетокот да продолжам со некоја следна програма онлајн. Браво за сето знаење во кое вложуваш и го пренесуваш.
Драгана здраво, се породив пред 4 месеци, прва бременост, со царски и утре ја почнувам 4-тата недела од твојата постпартум програма. Се преродив можам да ти кажам бидејќи долг период немам вежбано, 2 години сигурно и додека бев бремена накачив добри 19 kg од јадење многу благо. Многу ми одговара програмата, најмногу ми се допаѓа што ти вежбаш со нас цело време. Имам пробувано други програми, но ме нервира што само се покажува вежбата и толку оставена сум сама да себе да вежбам. Ти ми даваш вистинска мотивација.
Здраво Драгана! Само да ти кажам дека уживам ептен во постпартум програмата 😊 Колку ми беше потребно вежбањево и истегнувањево ни сама не сум била свесна 🙂 И успеав да се вратам на килажата од пред бременост. Инаку посебно ми се мили видеата каде е и Ема ☺️ Се надевам и јас за брзо ќе можам да вежбам со бебе, засега чекам дремки 😄
Здраво Драгана 😊 Се надевам си добро 😊, јас само да ти jа пофалам поспартум Програмата. Директно почнав со вежбите, бидејќи по пораѓајот имав многу болки во грбот (породена со царски). Уште сум на првата недела ама навистна се супер вежбите, не ни осеќам кога поминува времето. Ти посакувам убав ден ♥️
Програмата чини 2490 денари и се плаќа еднократно. Плаќањето го правите тука на сајтот.
Пристапот до програмата трае 12 недели (84 дена) од денот на купувањето.
Првите четири недели се наменети за едукација и вежби за дишење, а најдоцна со почетокот на петтата недела потребно е да се активира програмата со тренинзи, за да може целата 8-неделна прогресија да се помине во рамките на пристапот.
Програмата е поделена во два дела.
Едукативните видеа и вежбите за дишење најчесто можат да започнат уште во првите денови по породувањето, доколку се чувствувате добро и вашиот лекар нема поинаква препорака. Тие не создаваат дополнителен физички напор и претставуваат основа за закрепнувањето.
Со тренинзите се започнува по добивање дозвола од вашиот лекар или гинеколог. Најчесто тоа е 4–6 недели по спонтано породување, односно 6–8 недели по царски рез, но закрепнувањето е индивидуално и секогаш треба да се следат препораките на лекарот.
Не, не се потребни посебни реквизити. За дел од тренинзите користиме стап (или сукало), стол, крпа и мало пилатес топче. Доколку немате топче, може да го замените со перниче или јога блокче. Тегови од 1-2 kg се опционални и не се неопходни за следење на програмата.
Во програмата се вклучени четири пример менија, две за мајки кои дојат и две за мајки кои не дојат. Тие не се рестриктивни диети, туку практичен пример како може да изгледа балансирана исхрана во постпартум периодот. Рецептите се брзи, едноставни, со достапни намирници и осмислени така што во нив може да ужива целото семејство.