м-р по фармација, диететика и диетотерапија | сертифициран Balanced Body® Pilates инструктор
дипломиран физиотерапевт | сертифициран ERGON техничар | инструктор за техники на дишење (Breathwork Coach) | лимфен и фасција терапевт
Тренинзи по 20 минути, креирани од физиотерапевт и пилатес инструктор, со реквизити што веќе ги имате дома. За деца од 5 до 12 години.
Кога гледаме дете како трча, скока, се качува или игра, најчесто размислуваме за тоа колку е активно и колку енергија троши.
Но зад секое движење се крие многу повеќе.
Дури и едноставен скок бара усогласена работа на повеќе мускулни групи, добра рамнотежа и контрола на телото. За да се движи сигурно и прецизно, детето треба да развива координација, стабилност и свесност за положбата на сопственото тело. А за да совлада ново движење, потребни му се концентрација, повторување и време за постепено усовршување.
Овие способности не се развиваат одеднаш и со исто темпо кај сите деца. За нивниот развој е важно да имаат можност да искусуваат различни видови движења.
Токму затоа ја создадовме Move & Grow.
Програма со 16 различни тренинзи, во кои преку внимателно избрани вежби децата работат на развивање мускулна сила, стабилност, рамнотежа, координација и контрола на движењата.
Move & Grow не е замена за спортот или играта надвор, туку нивно дополнување.
🎬 16 видео тренинзи од 20 минути
Разновидни тренинзи со вежби за сила, стабилност, баланс, координација и контрола на телото, креирани за деца од 5 до 12 години.
🏠 Вежбање во домашни услови
Тренинзите се приспособени за вежбање дома, со користење едноставни реквизити што веќе ги имате како мали топчиња, крпи, ролни од хартија, ситни играчки и други секојдневни предмети. На овој начин вежбањето станува интересно, разновидно и лесно достапно.
🎯 Вежби со конкретна цел
Секој тренинг вклучува внимателно избрани движења што развиваат различни моторички способности, со акцент на техниката и контролата.
❤️ Движење преку игра и предизвик
Вежбите се прикажани на начин што им е разбирлив и интересен на децата, без натпреварување, споредување и притисок за совршена изведба.
📚 Дополнителна едукација за родителите
Едукативни содржини за растот и развојот на децата, нивните нутритивни потреби, разновидноста во исхраната и градењето позитивен однос кон храната.
Што развиваме преку тренинзите?
💪 Сила и стабилност на јадрото
Преку насочени вежби ги зајакнуваме мускулите на јадрото и ја развиваме стабилноста и контролата на телото при движење.
⚖️ Рамнотежа и стабилност
Со разновидни статични и динамични вежби децата учат да одржуваат рамнотежа и подобро да го контролираат телото при промена на положбата.
🧠 Координација и моторичка контрола
Преку комбинирани движења децата учат да ја усогласуваат работата на различни мускулни групи и полесно да совладуваат нови моторички задачи.
🦶 Сила и контрола на стапалата
Со насочени вежби ги активираме мускулите на стапалата, ја подобруваме контролата на глуждовите и ја развиваме стабилноста на долните екстремитети.
🧍 Сила на грбот и контрола на држењето
Ги зајакнуваме мускулите на грбот, рамениот појас и трупот, со цел подобра контрола на држењето и стабилност при различни активности.
🤸 Подвижност и свесност за телото
Преку движења во различни насоки поттикнуваме подвижност, просторна ориентација и свесност за положбата и движењето на сопственото тело.
Move & Grow е наменета за деца од 5 до 12 години кои:
Драгана Младеновска, магистер по фармација, диететика и диетотерапија, сертифициран Balanced Body® Pilates инструктор со 13 години искуство.
Мартина Исаковска Стојановска, дипломиран физиотерапевт, сертифициран ERGON техничар, инструктор за техники на дишење (Breathwork Coach) и лимфен и фасција терапевт
Ги споивме знаењата од физиотерапијата со принципите на пилатесот, контролирано движење, стабилизација, координација, свесна активација на мускулите и постепено развивање на моторичките способности.
Знаеме дека на децата не им е доволно само да им покажеме вежба и да очекуваме да ја повторуваат. Потребни им се интересни задачи, предизвици, разновидност и чувство дека движењето е нешто во кое можат да уживаат.
Токму затоа Move & Grow е спој на стручен пристап и детска разиграност. Во тренинзите учествуваат и нашите деца, кои преку сопственото искуство покажуваат како вежбите можат да бидат истовремено интересни, предизвикувачки и забавни.
Како инструктор и како мајка, верувам дека една од највредните работи што можеме да им ја дадеме на децата е можноста да растат со позитивен однос кон сопственото тело и движењето.
Не сакам вежбањето да го доживуваат како обврска, казна или нешто што мораат да го прават за да изгледаат на одреден начин.
Сакам да откријат колку многу може нивното тело, да уживаат во учењето нови вештини и со секој нов обид да стекнуваат повеќе сигурност.
Со таа идеја, заедно со Мартина, ја создадовме Move & Grow.
Затоа што навиката за движење се гради во детството, а придобивките од тоа траат цел живот. 🤍
Цената на програмата Move & Grow е 1.490 денари, со еднократно плаќање директно преку нашата веб-страница.
Доколку веќе имате активна месечна претплата на платформата, можете да ја додадете Move & Grow со еднократна доплата од само 499 денари.
Со самостојно еднократно купување од 1490 денари добивате 6 месеци пристап до сите содржини, сметано од денот на купувањето.
Доколку ја купите програмата како додаток на постоечка месечна претплата, со еднократна доплата од 499 денари, таа ќе ви биде достапна сè додека имате активна претплата.
Важно: Доколку ја прекинете претплатата, го губите пристапот до Move & Grow. Ако подоцна повторно ја активирате месечната претплата, ќе биде потребно повторно да ја докупите програмата.
Move & Grow е наменета за деца од 5 до 12 години.
Вежбите се осмислени така што децата можат да ги изведуваат според својата возраст, способности и моторичко искуство. На помалите деца може да им биде потребна поголема помош и насочување од родителите.
Да. Move & Grow е одлично дополнување на редовните спортски активности.
Тренинзите се насочени кон развој на сила, стабилност, рамнотежа, координација и моторичка контрола, способности што имаат важна улога во различни спортови, но и во секојдневното движење.
Препорачуваме 2 тренинзи неделно, во согласност со возраста, можностите и останатите активности на детето.
Тренинзите можете да ги комбинирате со спортските активности, слободната игра и другите форми на физичка активност.
За тренинзите користиме едноставни реквизити што најчесто веќе ги имате дома како мали топчиња, крпи, ролни од хартија, ситни играчки и други секојдневни предмети.
Не е потребно да купувате специјална спортска опрема. Доволно е да обезбедите малку слободен простор за безбедно изведување на вежбите.
Препорачуваме присуство и надзор од возрасно лице за време на тренинзите.
Родителот може да помогне при подготовката на реквизитите, разбирањето на инструкциите и правилното изведување на вежбите. Постарите деца можат посамостојно да ги следат тренинзите, со соодветен надзор.
Move & Grow вклучува вежби за јакнење на мускулите на грбот, стабилност на трупот, рамнотежа и контрола на стапалата.
Сепак, програмата е наменета за општ развој на моторичките способности и не претставува индивидуална физиотерапевтска или корективна програма.
Доколку детето има дијагностицирана состојба, болки или специфични моторички потешкотии, препорачуваме консултација со соодветен здравствен професионалец пред започнување.
Да. Покрај 16 тренинзи, Move & Grow вклучува и едукативни содржини за родителите, посветени на растот и развојот на децата, нивните нутритивни потреби, пребирливоста во јадењето и градењето позитивен однос кон храната.
Целта е да добиете практични и научно поткрепени насоки што ќе ви помогнат подобро да ги разберете потребите на вашето дете и да го поддржите неговиот развој.