Услови за користење

Општи Услови за користење

Сите полнолетни лица (18+) или малолетни лица со надзор и согласност од родител/старател, со добро општо психофизичко здравје можат да ги купат нашите онлајн програми преку нашиот веб сајт https://draganafitlife.mk. Содржината на Фитнес/едукативната платформа е создадена и пласирана од професионалци со долгогодишно искуство но секој корисник е дел од платформата и ја користи истата на своја лична одговорност и без присила. Со самото регистрирање на платформата ги прифаќате општите услови за користење на истата. Секое прекршување, непочитување и неправилно користење на платформата и нејзината содржина ќе биде прекинато со бришење на корисничкиот профил на корисникот и исклучување на можноста за користење на платформата.

Медицинско известување и одговорност

Преку платформата и нејзината содржина секој корисник ќе има достапност до информации, совети и практики за лично здравје кои подразбираат промена на животниот стил, исхраната, дневните активности и вметнување на редовна физичка активност. Содржината која се презентира преку платформата не е наменета да замени медицинска терапија, да третира или лечи било каква здравствена состојба. Секој член на платформата ја користи содржината целосно на сопствена одговорност и во склад со правилата за користење. Пред да се зачлените и почнете да ја користите платформата преку нејзината содржина, добро би било да се консултирате со лекар доколку имате некаква посебна здравствена состојба која бара професионален третман.

Политика за возможување на услуги

Пристап до нашите програми добивате автоматски откако ќе го извршите плаќањето преку нашиот веб сајт https://draganafitlife.mk.
Програмата за Постпартум се наплаќа еднократно и ви овозможува пристап до програмата 2 месеци.
Останатите програми: FitForLife и програмата за Трудници, автоматски се наплаќаат на месечно ниво. До нив ќе имате пристап се додека плаќате. Овие програми можете да ти откажете во секое време преку страната за менаџирање плаќање овде. Плаќањето се врши преку Bankart системот на НЛБ Тутунска Банка. Фитлајф Дооел го задржува правото на промена на цените на пакетите и за истите корисникот ќе виде информиран навремено. Во моментот на плаќање вие се согласувате со општите услови за користење и истите ги прифаќате. Строго е забрането споделување и отстапување на кориснички профил и лозинка на трети лица.

Политика за достава на производи

Сите производи на овој веб сајт се дигитални и доставата е автоматска и веднаш по извршено плаќање.

Политика за враќање на средства

Доколку корисникот не е задоволен од услугата и целосното искуство на платформата, може да поднесе жалба и барање за поврат на парите на [email protected], а тимот на Фитлајф Дооел го задржува правото да го разгледа барањето и да одлучи дали парите ќе бидат вратени и барањето за поврат е основано.

Услови за користење на веб сајтот

Непречено користење и корисничко искуство без проблеми и пречки на платформата не може да се гарантира. Тимот како и брендот на платформата не одговара за потенцијалните технички проблеми и проблемите настаните во ситуација на прекин на работењето на платформата. Тимот кој што стои позади платформата се обврзува во најкус можен рок да ги санира и отстрани техничките проблеми на веб сајтот поради непречено користење на истиот и целосно корисничко искуство.

Заштита и авторски права

Целата содржина на веб сајтот е специјално создадена за потребите на платформата и строго се забранува нејзина злоупотреба, копирање или препродавање на содржината, акции кои се забранети со закон и подлежат на законска казна. Ние сериозно ја сфаќаме приватноста и безбедноста на Вашите лични податоци, па затоа ве советуваме да се информирате за тоа кои податоци ние може да собираме, користиме и споделуваме за потребите на платформата и вашето корисничко искуство.

Како да не контактирате

Доколку имате некои прашања, поплаки или пофалби, препораки за подобрување на услугата и целосното корисничко искуство, како и проблеми со плаќањата и политиката за враќање на парите ве молиме контактирајте не на [email protected] или на телефон: 071 226 354 од 09:00 до 17:00 во работен ден.