Средно ниво

  • Средно ниво
dragana-profil
Од Драгана Младеновска

Основач на FitLife

Опис на програмата

Оваа програма е со средно ниво и има за цел да ви ја врати кондицијата и силата доколку подолго време сте имале пауза од вежбањето.

Програмата трае 6 недели, а после комплетирање на истата продолжувате со напредна Fit for Lifе програма која нема ограничување и е наменета да ја вежбате континуирано.

Оваа програма е за вас ако:

  • сте вежбале, но имате подолга пауза
  • доколку имате некој здравствен проблем и не можете да вежбате понапредни тренинзи
  • како следен чекор доколку сте ја комплетирале почетната програма

Тренинзите во оваа програма се кратки (од 20-30 минути), но функционални и доволни за да ви помогнат да ја подобрите кондицијата, силата, флексибилноста, да слабеете (доколку сакате) и активнсота да ја направите дел од вашето секојдневие.

Што добивате во програмата?

  • 27 различни тренинзи со среден интензитет поделени во 6 недели (пилатес, тренинзи за мобилност и флексибилност, low impact кардио тренинзи….)
  • неделен план и распоред за вежбање кој секоја недела се менува соодветно
  • 7 дневно мени со балансирани оброци за слабеење, но и дополнително 7 дневно мени доколку сакате да се одржувате
  • менијата се менуваат секој месец во зависност од сезоната и достапноста на намирници
  • шопинг листи за празарење кои ќе ви го олеснат планирањето, организацијата и подготовката на оброците
  • достапност од 200+ здрави и нутритивни рецепти и идеи за оброци со пресметани калории и макронутриенти, поделени по категории и тагови за полесно пребарување и користење
  • видео едукација и обработка на теми кои ќе ве научат повеќе за исхраната, метаболизмот, слабеењето, влијанието на вежбањето врз здравјето, хормонската рамнотежа и превенцијата од модерните болести…
  • напредни филтри и опции за полесно пребарување низ рецептите, тренинзите и едукациите
  • добивање на одговор на сите ваши прашања преку дискусии/коментари под секое видео

Оваа програма е дел од континураната програма Fit for Life така што покрај тренинзите со средно ниво, вие во секој момент имате пристап и до сите други тренинзи во базата (150+) кои секој месец се дополнуваат со нови.

Full Body Pilates - intermediate

30 мин.


Full Body Cardio - intermediate

21 мин.


Pilates - ABS&CORE - intermediate

30 мин.


Full Body Cardio - intermediate (со стол)

21 мин.


Full Body Pilates - intermediate

30 мин.


Full Body Aerobic - intermediate

21 мин.


Full Body Pilates - intermediate (пирамида)

31 мин.


Full Body Mobility & Flexibility

31 мин.


Lower Body Pilates - intermediate

31 мин.


Full Body Cardio & Mobility - intermediate

20 мин.


Full Body Pilates - intermediate

30 мин.


Full Body Tabata - intermediate

22 мин.


Full Body Pilates -intermediate

30 мин.


Full Body Pilates - intermediate

30 мин.


Lower Body Cardio - intermediate

20 мин.


Pilates -ABS & CORE - intermediate

31 мин.


Full Body Cardio - intermediate (со стап)

21 мин.


Full Body Cardio Pilates - intermediate

30 мин.


Fat Burning Workout - full body

21 мин.


Full Body Pilates - intermediate - (три кругови)

31 мин.


Fat Burning Workout - full body aerobic

21 мин.


Full Body Pilates - intermediate

30 мин.


Full Body Pilates - intermediate

29 мин.


Fat Burning Workout - full body aerobic

19 мин.


Full Body Pilates - intermediate

31 мин.


Full Body Mobility & Flexibility

30 мин.


Full Body Pilates - intermediate

31 мин.


1. Зошто исхраната е толку важна?

7 мин


2. Дали постои најдобар начин на исхрана?

3 мин


3. Знаци кои укажуваат дека во исхраната ви фали нешто?

3 мин


1. Од што е составена храната?

4 мин


2. Кои шеќери се "добри", а кои "лоши"?

10 мин


3. Зошто протеините се толку важни?

7 мин


4. Кои масти се "добри", а кои да ги избегнуваме?

5 мин


1. Како да слабеете здраво?

3 мин


2. Зошто постојано ви се јаде?

6 мин


3. Инсулин и инсулинска резистенција , зошто се важни во слабеењето?

6 мин


4. Дали е неопходно да броите калории за да слабеете?

7 мин


5. Најчестите грешки со слабеењето

5 мин


6. Колку оброци да имате за да слабеете?

2 мин


1. Дали ако вежбам на гладно ќе согорувам масти?

5 мин


2. Кога да јадам, пред или после тренинг?

3 мин


3. Најчестите грешки со оброците пред и после вежбање

5 мин


4. Каков треба да биде оброкот после вежбање? Неколку идеи за оброци после вежбање

2 мин


5. Колку вода ви е потребно за време на вежбањето?

7 мин


1. Како да препознаете дали имате нарушен однос со храната?

3 мин


2. Основни принципи на свесното хранење

11 мин


3. Што значи да внесувате доволно храна?

2 мин


4. Како да знаете кога да престанете со јадење? Што да направите кога сте физички сити, но сепак се уште сакате да јадете?

6 мин


5. Емоционално прејадување vs. вистински глад

5 мин


6. Како правилно да ги препознаете гладот и ситоста после рестриктивни диети?

3 мин


7. Како да се справите со желбата за некоја специфична храна?

3 мин


8. Дали со свесното хранење може да се слабее?

3 мин


9. Што да правам во деновите кога постојано ми се јаде?

5 мин


10. Бенефити од свесното хранење

0 мин


11. Зошто одредена храна ве држи сити подолго, а после друга брзо огладнувате?

2 мин


12. Врската меѓу вежбањето и свесното хранење

3 мин


Со оваа програма добивате достапност од 200+ здрави и нутритивни рецепти и идеи за оброци со пресметани калории и макронутриенти, поделени по категории и тагови за полесно пребарување и користење.

Card image
Хељда палачинки
  • calories 30 к.
  • protein 1g п.
  • carbs 4g ј.
  • fat 1g м.
Card image
Наут коцки
  • calories 113 к.
  • protein 3g п.
  • carbs 14g ј.
  • fat 6g м.
Card image
Пита од тиквички со фил...
  • calories 596 к.
  • protein 25g п.
  • carbs 25g ј.
  • fat 42g м.
Card image
Мексиканска салата
  • calories 555 к.
  • protein 28g п.
  • carbs 35g ј.
  • fat 32g м.
Сашка Д.

Многу одамна сакам да ти пишам реферат ама никако не стигам. Вежбам буквално цел живот и мислев дека ако во мене има грам сила останато, не сум направила добар тренинг. Со тебе научив да вежбам ПАМЕТНО, да се полнам со енергија и да сфатам дека ова е next левел вежбање. Ми ја смени филозофијата за вежбањето. Твојата посветеност многу мотивира, некако наивно влегов во целата приказна со првата бременост, па после и со втората, па постпартум и ете ме сега пак. Фала ти од ❤


Јулијана Т.

Почнав да вежбам со вас по препорака, сега не би ве сменила за никој друг. Чувството не се објаснува, се гледа по секој извежбан ЧАС СО ВАС. Со ВАС ќе вежбам до моја 100ка ❤


Милена З.

Тренинзите се преубави, текот како и разновидноста на часовите, никогаш не ми е досадно, а тоа ми е најбитно, Не се за занемарување и советите и рецептите, така да пронајдов еден долготраен спој на body and mind што не би го менувала за ништо слично.


Јасмина Т.

Почнав да вежбам во FITLIFE затоа што после затвараьето на салата во Пробиштип каде што одев на фитнес продолжив да вежбам сама дома и ми стана монотоно и тешко да наоѓам вежби. Решив да пробам еден месец кај Драгана бидејќи jа следев на инстаграм и убаво ми изгледаше тоа што го работи. Не згрешив - тренинзите се одлични, интересни, со интензитет каков што ми одговара мене. Силно препорачувам на сите да почнат да вежбаат тука бидејќи ова е ЗДРАВЈЕ - позитивното чувство кога ќе се испотите добро после тренинг не се заменува со ништо друго. Освен што сум фит и во форма, изгледам добро и имам тонирани мускули, исто така со вежбањето си го одржувам и менталното здравје. Вежбањето ми дава повеќе енергија за да ги завршувам работните и домашните обврски. Онлајн вежбањето има и некои предности бидеки не се губи време за да се стигне до сала и потоа да се дојде до дома.


Весна П.Д

Онлајн групата има фантастична енергија што се пренесува, иако вежбаме онлајн. Мислам дека ми го промени животот на многу подобро и едноставно станав зависна од Вас. Најневеројатно е што секој час е посебна приказна и различен од другите. Секогаш можете да го бирате темпото за кое што сте расположени, затоа што во вашата онлајн датабаза има буквално сѐ! Ви благодарам од срце што ме направивте многу посреќна.


Билјана З.

Фитлајф сосема случано го открив на социјалните мрежи пред неколку години кога се отвори. Ми одговараше заради близината и затоа што подолго време сакав да пробам пилатес, особено што имаше Power Pilates, како активна вежбачка. Фитлајф се виновни затоа што ме наполнија со позитивна енергија, ce навлеков на пилатесот, ми се промени телото скроз и што е најважно почнав повеќе да внимавам на себе и на моето здравје. Најголем успех мислам е што постепено успеав и начинот на исхрана да го сменам и да верувам дека и здравото благо е одлично, ако не и повкусно :)


Елена К.

После неколку години конечно го најдов тоа што го барав и тоа што ми треба, ве запознав вас и уште од првиот час знаев дека тоа е она вистинското по кое трагав. Конечно се почувствував своја, среќна, исполнета. Fitlife едноставно е нешто што кој ќе извежба барем еден тренинг со тебе ќе види дека тука веќе нема откажување. Позитивна енергија, максимална посветеност, одлична онлајн дружба, а за чувството после тренинг да не зборувам.


Ивана А.

На сите во моето опкружување им кажувам дека вежбањето во Fitlife е за мене life-changing experience. Многу сум задоволна од тренинзите и од посветеноста. Трудот кој го вложувате е забележан и многу е ценет. Online тренинзите се одлични. Благодарение на вас термините за тренинг ми се омилениот час од денот. Ви благодарам :)


Ирена П.

Пред да се приклучам на Фитлајф имам вежбано на неколку места со различни инструктори, па можам да кажам дека конечно се чувствувам буквално како да си дојдов дома. Тренинзите се со идеална динамика која што барем за мене лично е одржлива на долг рок, а и тоа е мојата цел, вежбањето да биде дел од мојата неделна рутина, по можност за секогаш. И за крај најпозитивното нешто е присуството на дечињата, кое е потврда дека сите сме луѓе со милион обврски, должности спрема самите себе, спрема семејствата и дека сосем е во ред да се бориме балансирајќи помеѓу тие два света, не со избор на едното и исклучувајќи го другото, туку со соединување и давајќи пример на малечките по нас за кои ние сме идоли и супер херои. Ви благодарам за неизмерната мотивација!


Елена А.

Тренинзите се фантастични, самото тоа што имаме на располагање голем избор на тренинзи и што можеме да бираме и да вежбаме што сакаме е за мене многу корисно.


Често Поставувани Прашања

Програмата чини 1199 денари и се плаќа месечно. Плаќањето го правите тука на сајтот, а наплатата на програмата секој следен месец е автоматска и се врши на истиот датум на кој ви е купена програмата. Доколку на картичката немате средства и наплатата е неуспешна, по датумот на истек, автоматски сте исклучени од програмата.

Пристапот до програмата имате се додека не ја откажете претплатата.

Да можете, со едноставно кликање на копчето откажи претплата кое се наоѓа на вашиот профил.

Да, секако. Без разлика во кој период од месецот ја откажете претплатата истата ви е активна до датумот до кој ви е платено.

После тие 6 недели, доколку ги завршите сите тренинзи на почетната страна ќе добиете копче за да ја активирате следната програма.

Речиси во сите тренинзи има тегови, но тежината е секако опционална, можете да користите тегови од 1-2 kg или потешки согласно вашата подготвеност. Дополнителни реквизити не ви се неопходни, во некои тренинзи користиме работи што сите ги имаме дома како на пример: стап/сукало, крпа, стол и слично. Исто така има колекција од неколку тренинзи со пилатес топка. Дополнително во некои тренинзи користиме и ластик, но доколку немате можете да си направите дома од стари хулахопки или едноставно да не го користите ластикот ако го вежбате тој тренинг.

Менито ќе ве научи како да креирате балансирани оброци, предлог рецептите се лесни и брзи со намирниците кои се достапни и економични, а најважно од сѐ е што се оброци за цело семејство. Во базата со рецепти има 200+ рецепти и идеи за оброци со пресметани калории и макронутриенти кои постојано се надополнуваат, поделени по категории со напредни филтри и опции за полесно пребарување што многу ќе ви го олеснат процесот на планирање и хранење. За секој нов додаден рецепт во базата, добивате соодветна нотификација.
intermediate-sm
Дел од Fit for Life претплата.
1199.00 ден. / месечно со автоматска наплата

За програмата

  • Број на тренинзи 27
  • Број на рецепти 200+
  • Тренинг колекции 10
  • Број на едукации 30
  • Мени со исхрана 7 дена
  • Времетраење на програмата 6 недели
  • Ниво на тренинзи Средно