Постпартум Програма

  • 300+ членови
  • Почетно ниво
dragana-profil
Од Драгана Младеновска

Основач на FitLife

Опис на програмата

Комплетен водич како да се вратите во најдобра форма после породувањето:

Програмата содржи:

  • видео едукација за правилна исхрана и грижа на телото после породувањето
  • сѐ што треба да знаете за периодот после породувањето, каква треба да биде исхраната на мајки кои дојат
  • што е дијастаз, зошто и како настанува, кои се симптомите, како да проверите дали имате и како да го намалите
  • 24 постпартум тренинзи со вежби специфично прилагодени кои можат да помогнат да го затворите дијастазот
  • интензитетот на вежбите се зголемува градуентно и го следи вашиот прогрес
  • неделен план на вежбање кој секоја недела се менува соодветно
  • 7 дневно мени со балансирани оброци за мајки кои дојат
  • дополнително +7 дневно мени со балансирани оброци за мајки кои не дојат
  • шопинг листа за пазарење и полесна организација на оброците
  • одговор на најчестите прашања врзани со исхраната и подготовката на оброци
  • напредни филтри и опции за полесно пребарување низ рецептите, тренинзите и едукациите
  • 60 дена (2 месеци) пристап од датум на купување
Full Body Pilates - Postpartum Workouts

15 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts

15 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts

15 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (со крпа)

15 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (со стол)

20 мин.


Full Body Cardio (Aerobic) - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (со стап)

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (со стол)

25 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (три кругови)

25 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (пирамида)

25 мин.


Full Body Cardio (Aerobic) - Postpartum Workouts

25 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (со стол)

25 мин.


Full Body Cardio - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Cardio (Tabata) - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (три кругови)

25 мин.


Core & More - Postpartum Workouts (со стап)

20 мин.


Full Body Cardio (Aerobic) - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (пирамида)

25 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (со стап)

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (со стол)

25 мин.


Full Body Cardio & Mobility - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Cardio (Aerobic) - Postpartum Workouts

20 мин.


Full Body Cardio (Aerobic) - Postpartum Workouts

25 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (пирамида)

25 мин.


Full Body Pilates - Postpartum Workouts (со стол)

20 мин.


Full Body Cardio (HIIT) - Postpartum Workouts

20 мин.


Промените на телото после породувањето

9 мин


Важноста на исхраната после породувањето

3 мин


Исхрана за време на доење

12 мин


Насоки за исхраната

4 мин


Кога да се започне со физичка активност

5 мин


Важноста на физичката активност после породувањето

1 мин


Што е дијастаз?

8 мин


Весна Д.

Здраво Драгана, Ја завршив постпартум програмата, сега продолжувам да си ги правам вежбите од последните 2 недели со тегови до крај 🙂 Мал збор е да кажам дека програмата е идеална бидејќи кај новопечените мајки не се само килограмите проблем. Иако не се здебелив многу во текот на бременоста, самото тоа што бев ограничена со движење 9 месеци ме доведе да не можам да се подигнам без да се потпирам на нешто, а камо ли со бебе во раце. Згора на тоа сите тие бабини совети за доење и млеко ме доведоа да јадам само тесто и јајца, што дополнително ја влоши состојбата. Така се одлучив и да ја земам програмата и можам да кажам дека е и најдобрата инвестиција што сум ја направила. Енергијата ми се врати, сега со 5.5 кг бебе правам squats или вежби за раце, а и јас повторно си го засакав своето тело 😁 Менито е одлично и ме натера да го купам и прирачникот што ми стигна денес 🙂 Сопругот ги обожава тестенините со зеленчук и сирење и секоја недела ни се на мени :) Благодарам уште еднаш и ти посакувам уште многу успешни програми. Имај убав ден 🙂


Маја И.

Јас морам да те пофалам за вежбите за дијастаз. Вежбам 4-5 пати неделно од тие вежби и после неколку недели веќе имам ефект, односно дел од стомакот се собра. Имам уште работа, но го фатив патот. Јас лутав буквално со месеци на таа тема, платив програми, но многу аматерски направени. Со оглед дека ми беше втора бременост, многу поразлична од првата во големина и ширење на стомак, воопшто не бев подготвена. И навистина се едуцирам многу на темава, со постојани борби за изгледот со стомак кој никогаш не сум го имала. Но, продолжувам додека не се вратам како претходно. Затоа имам и само пофални зборови, бидејќи навистина и треба поддршка на жената во таква состојба. Барем да биде сигурна дека другиот кој дава инструкции знае што збори и дека мора да биде константна и упорна за да има ефект. И дека е нешто што може да се реши, а не дека едноделни купачи и покриен стомак е решение. Поздрав


Сара П.

Здраво Драгана, јас со feedback од постпартум прогарамата бидејќи денес го завршив последниот тренинг 😁не очекував во рок да ги направам сите тренинзи, со оглед на тоа дека месецов пројдовме и стомачен вирус и јас и децата ама дефинитивно најголемата мотивицација ми беа твоите говори низ видеата. Програмата почнува од едно толку прелесно ниво до доста интензивни тренинзи во последнат недела. И навистина со секој тренинг се стекнува толку многу сила што уште не ми се верува дека после само еден месец успевам да го изведам цел тренинг со еден куп скокања. Се чувствувам доста посилно, поенергично и многу ми е мило што ја уплатив програмата. Во наредните месец дена додека имам пристап ќе се потрудам да ги вежбам тренинзите од 3-та и 4-та недела бидејќи 1-ва и 2-ра ми се многу лесни сега 😆 Ти благодарам Драгана за прекрасната програма, се надевам дека и понатаму ќе се дружиме во некоја онлајн пилатес група ♥️


Марија Г.

Здраво Драгана...ти пишувам за да ти кажам едно големо Браво и Благодарам за постпартум програмата. Се породив природно пред 3 месеци, второ дете, и веќе сум на 3-тата недела од вториот месец со вежбите. Вежбите се навистина прекрасни за постепено враќање во нормала и закрепнување до степен да се чувствуваш спремен за вежбање како пред бременост (барем jac така се чувствувам). Плус вториов месец ги вежбам само вежбите од 4-тата недела, другите ми се лесни 😀- мои фаворити се пирамида и кардио тренинзите. Покрај физичките, огромна вредност ми има и психичкото, менталното подобрување на расположение и елан да се справиш со се што ти носи денот (а со 2 мали деца доста НОСИ). Така да, фала ти од срце за вежбите, советите за исхрана и мотивацијата низ тренинзите ♥️


Билјана Н.

Драгана Драгана 🤗 Завршив со постпартум програмата и сакам да ти се заблагодарам од срце што после ужасно тежок пораѓај кога мислев дека нема да можам да се свртам без помош, а камоли пак да вежбам, ми ја врати силата, а и самодовербата како и желбата да вежбам уште повеќе од порано. На видеата зрачиш со таква енергија што ако човек не извежба повторно има чувство дека те разочарал па си вика “ајде уште овој тренинг и готово” и така до крај. Фала ти ♥️


Ивана П.

Јас ја вежбам Постпартум програмата веќе втора седмица и резултатите се веќе видливи. Многу ми се допаѓа што тренинзите се разновидни и целно прилагодени. Јас доста имам вежбано и имам и други постпартум програми следено по првата бременост, но оваа твоја програма е дефинитивно на друго ниво и одвај чекам по завршетокот да продолжам со некоја следна програма онлајн. Браво за сето знаење во кое вложуваш и го пренесуваш.


Maja K.

Драгана здраво, се породив пред 4 месеци, прва бременост, со царски и утре ја почнувам 4-тата недела од твојата постпартум програма. Се преродив можам да ти кажам бидејќи долг период немам вежбано, 2 години сигурно и додека бев бремена накачив добри 19 kg од јадење многу благо. Многу ми одговара програмата, најмногу ми се допаѓа што ти вежбаш со нас цело време. Имам пробувано други програми, но ме нервира што само се покажува вежбата и толку оставена сум сама да себе да вежбам. Ти ми даваш вистинска мотивација.


Нина Б.

Здраво Драгана! Само да ти кажам дека уживам ептен во постпартум програмата 😊 Колку ми беше потребно вежбањево и истегнувањево ни сама не сум била свесна 🙂 И успеав да се вратам на килажата од пред бременост. Инаку посебно ми се мили видеата каде е и Ема ☺️ Се надевам и јас за брзо ќе можам да вежбам со бебе, засега чекам дремки 😄


Надица М.

Здраво Драгана 😊 Се надевам си добро 😊, јас само да ти jа пофалам поспартум Програмата. Директно почнав со вежбите, бидејќи по пораѓајот имав многу болки во грбот (породена со царски). Уште сум на првата недела ама навистна се супер вежбите, не ни осеќам кога поминува времето. Ти посакувам убав ден ♥️


Често Поставувани Прашања

Програмата чини 1690 денари и се плаќа еднократно. Плаќањето го правите тука на сајтот.

Пристап до програмата имате 60 дена од датумот на купување.

Многу е важно какво ви било породувањето, доколку е спонтано, закрепнувањето е побрзо, па после 4-5 недели најверојатно би можеле да започнете. Доколку сте породени со царски рез, закрепнувањето може да биде подолго, но не повеќе од 6-8 недели. После првиот преглед кај својот доктор, доколку докторот ви потврди дека е сé во ред, можете да започнете со програмата. Вежбите се многу прилагодени и погодни и за мајки со спонтано породување и за мајки со царски рез. Зголемувањето на интензитетот на тренинзите оди многу дозирано и градуентно. А јас како мајка која поминала два царски реза, точно знам што и колку можете на самиот почеток, но знам и како да го извлечам максимумот и да ви помогнам полесно да ги зајакнете мускулите на јадрото и да се вратите во посакуваната форма и кондиција.

Да, всушност програмата ја креирав пред сѐ за доилки затоа што постојат премногу митови на тема исхрана и доење и сакав преку видео едукациите да ја објаснам суштината и науката позади целиот процес. Вежбањето за време на доење не е воопшто контраиндицирано, напротив може многу да ви помогне во воспоставување на поефикасна лактација и во подобро поврзување со бебето. Јас и двете деца ги доев по скоро 2 години со активно вежбање кое го започнав 3-4 недели после двете породувања.

Дополнителни реквизити не ви се потребни, во некои тренинзи користиме работи што сите ги имаме дома како на пример: стап/сукало, крпа, стол и слично…може доколку сакате да користите тегови од по 1 или 2 kg.

Менито ќе ви биде супер насока какви треба да бидат оброците, а рецептите се лесни и брзи, со намирниците кои се достапни и економични, а најважно од сѐ е што се оброци за цело семејство.
postpartum-sm
Дел од Постпартум претплата.
1690.00 ден.

За програмата

  • Број на тренинзи 24
  • Број на едукации 11
  • Мени со исхрана 7 дена
  • Времетраење на програмата 8 недели
  • Ниво на тренинзи Почетно