Основач на FitLife
Доколку сакате вистинска промена и трансформација на своите навики, без рестрикција и со тренинзи кои се функционални, различни и адаптирани на вашето ниво на подготвеност, тогаш на вистинското место сте.
Во оваа претплата спаѓаат:
После успешно купување на претплатата имате можност да изберете која програма сакате да ја активирате како прва.
Доколку имате потреба, во секој момент можете да направите промена на програмата внатре на платформата затоа што сите програми се дел од иста претплата која чини 1299 денари и се плаќа месечно.
Со една претплата добивате пристап до:
Оваа програма е почетната точка во вашата животна трансформација.
Програмата трае 8 недели, а после комплетирање на истата продолжувате со програмата со средно ниво која е во времетраење од 6 недели, за на крај да стигнете до последната напредна Fit for Lifе програма која нема ограничување и е наменета да ја вежбате континуирано.
Оваа програма е за вас ако:
Тренинзите во оваа програма се кратки (од 20-30 минути), но функционални и доволни за да ви помогнат да ја засакате и вклучите активноста во вашето секојдневие.
Што добивате во програмата?
Оваа програма содржи 36 различни почетни тренинзи поделени во 8 недели (пилатес, тренинзи за мобилност и флексибилност, low impact кардио тренинзи….)
За секоја недела добивате неделен план и распоред за вежбање.
Оваа програма е дел од континуираната програма Fit for Life така што покрај почетните тренинзи, вие во секој момент имате пристап и до сите други тренинзи во базата (230+) кои секој месец се дополнуваат со нови. Доколку немате потреба да ги вежбате почетните тренинзи 8 недели, можете побрзо од предвиденото сами да си ја активирате следната програма.
Оваа програма е со средно ниво и има за цел да ви ја врати кондицијата и силата доколку подолго време сте имале пауза од вежбањето.
Програмата трае 6 недели, а после комплетирање на истата продолжувате со напредна Fit for Lifе програма која нема ограничување и е наменета да ја вежбате континуирано.
Оваа програма е за вас ако:
Тренинзите во оваа програма се кратки (од 20-30 минути), но функционални и доволни за да ви помогнат да си ја вратите и подобрите кондицијата, силата, флексибилноста, да слабеете (доколку сакате) и активноста да ја направите дел од вашето секојдневие.
Оваа програма содржи 27 различни тренинзи со среден интензитет поделени во 6 недели (пилатес, тренинзи за мобилност и флексибилност, low impact кардио тренинзи….)
За секоја недела добивате неделен план и распоред за вежбање.
Оваа програма е дел од континуираната програма Fit for Life така што покрај тренинзите со средно ниво, вие во секој момент имате пристап и до сите други тренинзи во базата (230+) кои секој месец се дополнуваат со нови. Доколку немате потреба да ги вежбате овие тренинзи 6 недели, можете побрзо од предвиденото сами да си ја активирате следната програма.
Оваа програма ги вклучува дветете континуирани напредни програми:
Овие програми се континуирани со среден до напреден интензитет, немаат временско ограничување и се наменети да ги вежбате континуирано.
FIT for LIFE PRO и POWER MAX се за вас ако:
Разликата меѓу овие две програми е времетраењето на тренизите. Во POWER MAX тренинзите се со времетраење од 20 до максимум 35 минути, а во FIT for LIFE PRO се со времетраење од 35 до 60 минути.
Најчесто се вежба 4 пати неделно, но во секој момент ви е достапна целата база со тренинзи, па доколку не ви одговара предложениот распоред или сакате да вежбате повеќе од 4 пати, можете да си изберете кој било тренинг од колекциите или преку филтерот да го пронајдете тоа што во тој даден момент одговара за вас.
Добивате функционални и многу разновидни тренинзи за цело тело, наменети да ви ја подобрат кондицијата, силата, флексибилноста, мобилноста, да слабеете (доколку сакате) и најважно да ја засакате активноста и со нетрпение да го чекате секој следен тренинг.
Со оваа програма добивате достапност од 230+ здрави и нутритивни рецепти и идеи за оброци со пресметани калории и макронутриенти, поделени по категории и тагови за полесно пребарување и користење.
Многу одамна сакам да ти пишам реферат ама никако не стигам. Вежбам буквално цел живот и мислев дека ако во мене има грам сила останато, не сум направила добар тренинг. Со тебе научив да вежбам ПАМЕТНО, да се полнам со енергија и да сфатам дека ова е next левел вежбање. Ми ја смени филозофијата за вежбањето. Твојата посветеност многу мотивира, некако наивно влегов во целата приказна со првата бременост, па после и со втората, па постпартум и ете ме сега пак. Фала ти од ❤
Почнав да вежбам со вас по препорака, сега не би ве сменила за никој друг. Чувството не се објаснува, се гледа по секој извежбан ЧАС СО ВАС. Со ВАС ќе вежбам до моја 100ка ❤
Тренинзите се преубави, текот како и разновидноста на часовите, никогаш не ми е досадно, а тоа ми е најбитно, Не се за занемарување и советите и рецептите, така да пронајдов еден долготраен спој на body and mind што не би го менувала за ништо слично.
Почнав да вежбам во FITLIFE затоа што после затвараьето на салата во Пробиштип каде што одев на фитнес продолжив да вежбам сама дома и ми стана монотоно и тешко да наоѓам вежби. Решив да пробам еден месец кај Драгана бидејќи jа следев на инстаграм и убаво ми изгледаше тоа што го работи. Не згрешив - тренинзите се одлични, интересни, со интензитет каков што ми одговара мене. Силно препорачувам на сите да почнат да вежбаат тука бидејќи ова е ЗДРАВЈЕ - позитивното чувство кога ќе се испотите добро после тренинг не се заменува со ништо друго. Освен што сум фит и во форма, изгледам добро и имам тонирани мускули, исто така со вежбањето си го одржувам и менталното здравје. Вежбањето ми дава повеќе енергија за да ги завршувам работните и домашните обврски. Онлајн вежбањето има и некои предности бидеки не се губи време за да се стигне до сала и потоа да се дојде до дома.
Онлајн групата има фантастична енергија што се пренесува, иако вежбаме онлајн. Мислам дека ми го промени животот на многу подобро и едноставно станав зависна од Вас. Најневеројатно е што секој час е посебна приказна и различен од другите. Секогаш можете да го бирате темпото за кое што сте расположени, затоа што во вашата онлајн датабаза има буквално сѐ! Ви благодарам од срце што ме направивте многу посреќна.
Фитлајф сосема случано го открив на социјалните мрежи пред неколку години кога се отвори. Ми одговараше заради близината и затоа што подолго време сакав да пробам пилатес, особено што имаше Power Pilates, како активна вежбачка. Фитлајф се виновни затоа што ме наполнија со позитивна енергија, ce навлеков на пилатесот, ми се промени телото скроз и што е најважно почнав повеќе да внимавам на себе и на моето здравје. Најголем успех мислам е што постепено успеав и начинот на исхрана да го сменам и да верувам дека и здравото благо е одлично, ако не и повкусно :)
После неколку години конечно го најдов тоа што го барав и тоа што ми треба, ве запознав вас и уште од првиот час знаев дека тоа е она вистинското по кое трагав. Конечно се почувствував своја, среќна, исполнета. Fitlife едноставно е нешто што кој ќе извежба барем еден тренинг со тебе ќе види дека тука веќе нема откажување. Позитивна енергија, максимална посветеност, одлична онлајн дружба, а за чувството после тренинг да не зборувам.
На сите во моето опкружување им кажувам дека вежбањето во Fitlife е за мене life-changing experience. Многу сум задоволна од тренинзите и од посветеноста. Трудот кој го вложувате е забележан и многу е ценет. Online тренинзите се одлични. Благодарение на вас термините за тренинг ми се омилениот час од денот. Ви благодарам :)
Пред да се приклучам на Фитлајф имам вежбано на неколку места со различни инструктори, па можам да кажам дека конечно се чувствувам буквално како да си дојдов дома. Тренинзите се со идеална динамика која што барем за мене лично е одржлива на долг рок, а и тоа е мојата цел, вежбањето да биде дел од мојата неделна рутина, по можност за секогаш. И за крај најпозитивното нешто е присуството на дечињата, кое е потврда дека сите сме луѓе со милион обврски, должности спрема самите себе, спрема семејствата и дека сосем е во ред да се бориме балансирајќи помеѓу тие два света, не со избор на едното и исклучувајќи го другото, туку со соединување и давајќи пример на малечките по нас за кои ние сме идоли и супер херои. Ви благодарам за неизмерната мотивација!
Тренинзите се фантастични, самото тоа што имаме на располагање голем избор на тренинзи и што можеме да бираме и да вежбаме што сакаме е за мене многу корисно.