logo
  • ПОЧЕТНА
  • ТРЕНИНЗИ
  • РЕЦЕПТИ
  • МЕНИ
  • ЕДУКАЦИИ
  • ЗА ДРАГАНА
  • FITLIFE SHOP
  • НАЈАВА
Почетна > Менија > Едукација и насоки за исхрана за подобрување на хормонскиот баланс > Што претставува PCOS и како влијае врз телото?

Синдромот на полицистични јајници (PCOS) е комплексно ендокрино нарушување кое зафаќа околу 5–15% од жените во репродуктивна возраст.

PCOS најчесто се карактеризира со три главни манифестации:

  • хиперандрогенизам – покачени нивоа на „машки“ хормони (андрогени) кои предизвикуваат симптоми како акни, зголемена влакнетостна (хирзутизам) и опаѓање на косата;
  • хронична ановулација – нередовна или отсутна овулација која води до нередовни менструации или целосно изостанување на циклусот;
  • полицистични јајници – присуство на повеќе мали цисти (незрели фоликули) на јајниците видливи на ултразвук.

Дијагнозата обично се поставува ако се присутни најмалку две од овие три состојби, откако ќе се исклучат други причини за слични симптоми.

Малку подетално за овој синдром и за причините зошто се јавува можете да видите на видеото.

Главна улога во појавата на синдромот на полицистични јајници има инсулинската резистенција. Тоа е состојба во која телото не реагира добро на инсулинот, па панкреасот лачи уште повеќе инсулин. Овој вишок инсулин ги стимулира јајниците да произведуваат повеќе андрогени и го намалува нивото на Sex Hormone Binding Globulin (SHBG) – протеин кој се создава во црниот дроб и има задача да врзува полови хормони (како тестостерон и естрадиол) и да ги држи во „неактивна“ форма.

Кога нивото на SHBG е ниско, повеќе тестостерон останува „слободен“ во крвта и тоа доведува до симптоми како акни, засилено растење на влакна и хормонска нерамнотежа.

Симптоми и ризици:

  • нередовни циклуси или аменореја (отсуство на циклус)
  • потешкотии со забременување, акни, мрсна кожа, влакнетост
  • зголемување на тежина, особено во стомакот
  • повисок ризик за дијабетес тип 2, метаболен синдром и срцеви болести
  • долгорочен ризик за ендометријална хиперплазија, анксиозност, депресија, намалена самодоверба

Раното препознавање и третман го подобрува квалитетот на живот и ги намалува компликациите. Основата е животен стил (исхрана + физичка активност), а по потреба се користат и лекови: хормонални контрацептиви, метформин или средства за стимулација на овулација.

Коментари

logo

Фитлајф Дооел Скопје е друштво за спортско и рекреативно образование.

Навигација
  • Тренинзи
  • Рецепти
  • Мени
  • Едукации
Компанија
  • Контакт
  • Политика за приватност
  • Услови на користење
Следете нѐ
  • Instagram
  • Facebook
  • Youtube

©2024 ФИТЛАЈФ ДООЕЛ Скопје. Сите права се задржани.