logo
  • ПОЧЕТНА
  • ТРЕНИНЗИ
  • РЕЦЕПТИ
  • МЕНИ
  • ЕДУКАЦИИ
  • ЗА ДРАГАНА
  • FITLIFE SHOP
  • НАЈАВА
Почетна > Менија > Едукација и насоки за исхрана за подобрување на хормонскиот баланс

Хормоните не се важни само за репродуктивното здравје, туку за целокупното функционирање, метаболизм, квалитет на сон, ментално здравје, концентрација и виталност. Кога хормоните се во баланс, телото работи во одлична синхронизација, а кога има дисбаланс, симптомите како умор, промени во циклусот, промени во тежината, акни, анксиозност, проблеми со плодноста се јасен показател дека нешто не функционира онака како што треба.

Синдромот на полицистични јајници (PCOS) е најчестиот хормонален дисбаланс кај жените во репродуктивна возраст и често стои позади нередовните циклуси, зголеменото ниво на тестостерон (хиперандрогенизам) и инсулинската резистенција. Но, сепак освен синдромот на полицистични јајници кај жените често се јавуваат и изолирани дисбаланси како покачен пролактин, ниски или високи естрогени и нарушен одговор на кортизол кои исто така влијаат врз плодноста, расположението и метаболизамот.

Во многу голем број случаи овие дисбаланси се предизивикани од модерниот начин на живот, од исхраната и физичката неактивност.

Но, добрата вест е дека знаејќи кој е коренот на проблемот можеме да делуваме врз него и да му помогнеме да телото да се врати во нормала.

Некои работи се надвор од наша контрола, како загадениот воздух или зрачењето. Но секој ден имаме можност свесно да избереме што ќе јадеме и колку ќе се движиме.

Со правилен избор на храна, но и со активен начин на живот, телото добива можност да реагира подобро на инсулинот, да ја одржи рамнотежата на половите хормони и да го регулира кортизолот.

Целта на оваа едукација и овие насоки ми е да ја подигнам малку свеста за влијанието на животниот стил врз хормонскиот баланс. Многу често се залетеуваме по одредени витамини и суплементи и се надеваме дека тие се решение на проблемот. Суплементацијата може навистина да биде супер поддршка во многу ситуации, но истата никогаш нема да го замени движњето и балансираната исхрана кои треба да бидат основата на промените.

cjsљац (3)
Што претставува PCOS и како влијае врз телото?
Copy of cjsљац (6)
Нутритивни препораки за жени со PCOS
cjsљац (5)
Како исхраната влијае на хормоните?
Untitled design (8)
Исхрана и поддршка за висок тестостерон, висок пролактин, низок естроген и висок естроген
cjsљац (6)
Улога на физичката активност во хормонскиот баланс

Промената на животните навики не треба да се гледа како краткорочен предизвик кој трае една недела. Целта не е строго придржување кон мени од 7 дена со очекување дека тоа ќе ги реши сите проблеми. Вистинската цел е многу подлабока, да се стекнат вештини и знаење за сопственото тело, неговото функционирање и хормоналната регулација.

Едукациите што ги добивате овде имаат за цел да ја објаснат врската помеѓу исхраната и хормоналниот баланс. Конкретно, како неправилните навики во исхраната доведуваат до инсулинска резистенција и како токму таа состојба претставува основа за појава на бројни хормонски дисбаланси.

Менито што е дадено како пример не е строго решение кое треба механички да се следи, туку насока, модел кој илустрира како изгледа балансирана исхрана. Тоа не е магична формула за неколку дена, туку поттик за долгорочна промена на навиките.

Целта е преку овој процес да научите која храна и кој начин на комбинирање на намирниците овозможува одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта, подобрување на инсулинската чувствителност и воспоставување на хормонска рамнотежа.

Ниту едно мени кое го изработувам не е наменето за слепо следење. Моја цел е да пренесам знаење и практична вештина, алатки кои долгорочно ќе ви донесат слобода и сигурност во сопствените избори. Таа свесност и способност за адаптација се основа за подобар квалитет на живот, стабилно здравје и повеќе виталност.

Copy of cjsљац (6)
7 дневно мени за подобрување на хормонскиот баланс
logo

Фитлајф Дооел Скопје е друштво за спортско и рекреативно образование.

Навигација
  • Тренинзи
  • Рецепти
  • Мени
  • Едукации
Компанија
  • Контакт
  • Политика за приватност
  • Услови на користење
Следете нѐ
  • Instagram
  • Facebook
  • Youtube

©2024 ФИТЛАЈФ ДООЕЛ Скопје. Сите права се задржани.